Шукова: Се обидувам да видам што се случува со средствата доделени од Владата за спас на Преспанското Езеро

Од:

Со општините кои гравитираат околу Преспанското Езеро, пред се со Ресен, почнавме разговори, откако во рамки на Владата и беа доделени средства на Општината, па сега се обидувам да видам што се случува со тие средства и дали можеме повторно да ги реактивираме, информира денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Министерката, во одговор на прашање од МИА, информира дека ќе се обиде да ги продолжи активности на програма на Општина Ресен, која била фокусирана на проблемот со Преспанското Езеро.

– Општината имаше детерминирано една сериозна програма, но пред неколку години застанаа активностите и јас ќе се обидам повторно да го реафирмирам тој процес да видиме барем она што беше предвидено во рамките на средствата кои ќе ги обезбеди Владата, појасни Шукова.

Таа додаде дека треба да се има предвид дека Преспанското Езеро е подложно на природни процеси кои имаат влијание врз неговата состојба.

– Не го запоставуваме Преспанското Езеро, но мора да се напомене дека понекогаш станува збор за природни процеси. Знаете која е поврзаноста на Охридското и Преспанското Езеро. Има големо понирање на водата и тоа се случувало со децении наназад. Тоа не е оправдување, меѓутоа секогаш треба да ги следиме природните процеси и да видиме, и централната и локалната власт, што можеме да направиме. Преспанското Езеро не е заборавено и секако ни е на агендата. Ќе ни оставите малку време за да се вратиме назад за да видиме една генеза наназад што се случувало и од каде можеме да продолжиме, посочи министерката.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари