Штрајкот на вработените во Управата за матични книги останува во мирување

Од:

Штрајкот на вработените во УВМК останува во мирување. На денешната средба на раководството на УВМК со Независниот синдикат и претставник од Владата договорено е до 1 септември да се подготват три опции за начинот на кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во УВМК.

На 15 јуни беше потпишан колективен договор со кој се утврдуваат критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додатоци на плата, јубилејни награди и др.

Како право кое синдикатот и работодавачот го утврдија во овој договор е минималната плата да биде основна плата. Министерството за правда и во иднина ќе се грижи за унапредување на правата на вработените во УВМК.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

Уставниот суд ги поништи изводите со графата националност

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ