А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Што треба да знаете за Еболата?

by А1он09/10/2014 - 20:2909/10/2014 - 23:10186
Share0

Избувнувањето на болеста започна во март со неколку идентификувани случаи во Гвинеја. Од тогаш до денес бројот е пораснат на 909 потврдени случаи и дополнителни 414 веројатни и сомнителни случаи во Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија и Нигерија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Моментално напорите се да се ограничи вирусот во рамките на кризните подрачја и да се најде начин за негова навремена идентификација.

Проблемот е што кај заболените се потребни меѓу 2 и 21 ден пред да се покажат првите симптоми на ебола, заради што властите не можат да го спречат трансферот на потенцијални носители на вирусот од една земја во друга.

На Западот стравот е дека заради ова ширењето на вирусот кај нив може да го предизвика и еден единствен пациент кој лета од некоја од кризните држави во Африка. Ова е и причината заради која две нигериски авио-компании кон крајот на јули ги откажаа сите летови од Монровија и Фритаун (главните градови на Либерија и Сиера Леоне).

Следете a1on на Youtube YouTube

Олеснителна околност е што според американскиот Центар за контрола на болестите, вирусот не може да се прошири во авион, освен ако патниците не дојдат во контакт со телесните течности од заразен човек.

Зошто толкав страв од Ебола?

– Според Доктори без граници, ова е “една од најсмртоносните болести на светот.” Смртноста е околу 90% (овој пат таа намалена на 55% благодарејќи на навременото откривање).

– Има 5 типа на ебола, од кои заирската е најсмртоносна.

– Моменталната епидемија е токму од овој вид.

Што е ебола, и кои се симптомите?

– Еболата предизвикува вирусна хеморагична треска, која според CDC, опфаќа група вируси кои напаѓаат повеќе органи и системи во телото и често е придружена од крвавење.

– Името го добива по реката Ебола во Д.Р. Конго (поранешен Заир), каде болеста прв пат е регистрирана во 1976-та.

– Првите симптоми се треска, чувство на слабост, болка во мускулите, главоболка и воспалено грло. Овие симптоми можат да се појават од два до 21 ден по инфекцијата.

– Според СЗО истите овие симптоми можат да бидат погрешно протолкувани како симптоми за маларија, менингитис или чума.

– На пациентите им се појавува црвенило по кожата и во очите, болки во градите, проблеми со дишење и голтање, икање.

– Потоа овие симптоми еволуираат во: повраќање, дијареја, проблеми со бубрезите и црниот дроб, а понекогаш и внатрешно и надворешно крвавење.

– Болеста може да биде потврдена само со 5 лабораториски тестови.

Терапија?

– Нема конкретна терапија за болеста, туку пациентите се изолирани и се одржуваат во живот од доктори.

– Тие треба да го одржат нивото на течности во пациентот, да го проверуваат статусот на кислородот и крвниот притисок, и терапија против компликување на инфекцијата.

– На заболените им се препорачува да носат непропустлива наметка и ракавици, и да носат заштита на лицето, во форма на очила и маска на устата и носот.

Како се шири?
– Претпоставката на СЗО е дека лилјаците се природните носители на ебола вирусот во Африка, и дека тие го пренесуваат истиот на другите животни.

– Луѓето се заразуваат преку контакт со телесните течности од заразените животни, или луѓе.

– Иако вирусот може да преживее неколку дена само во течност, надвор од заразен организам, тој може да биде убиен со топлина, директна изложеност на сонце, хлор, сапун и детергенти.

– Обично се шират во реони каде болниците не се грижат доволно за спречување на инфекциите и имаат ограничен пристап до чиста вода.

Што може да се преземе за спречување на ширењето?

– Изолација на сите пациенти со ебола. Лицата кои дошле во контакт со заболени треба редовно да ја мониторираат својата температура.

– Затворање на границите кон соседните земји (како што тоа го направи Либерија), и воведување на пунктови за тестирање на неколкуте места од каде што може да се излезе од земјата.

– Посебно внимание на сите што во скоро време патувале во Западна Африка.

Off.net.mk

ebolazdravje

Би можело да ве интересира

Бројот на лица за кои постои сомневање дека се заразени со ебола се зголеми на 1.028

Горан Наумовски30/05/2026 - 21:02

„И Здравје и Работа“: Додека соседите чекорат напред во развој на рударството, Македонија не смее да остане заробена во статус кво

Горан Наумовски30/05/2026 - 14:5530/05/2026 - 22:27

Бројот на смртни случаи од ебола расте: СЗО прогласи вонредна состојба

Горан Наумовски25/05/2026 - 22:11

Америка воведува итни мерки поради загрижувачкото ширење на еболата: „Ќе има хаос и конфузија“

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 10:38

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ18/12/2024 - 10:2518/12/2024 - 18:08

Производи што ќе ви помогнат да се заштитите од вируси

Ана Ололовска14/11/2020 - 10:2914/11/2020 - 10:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто