Што потпишаа партиските лидери?

Од:

По долгите и напорни разговори во Пржино, СДСМ го објави во интегрална форма договорот кои четирите партиски лидери го потпишаа. Документот содржи протокол кој ја дефинира организацијата на преодната влада и претставува дополнување на договорот од 2-ри јуни.

Според потпишаното нов министер за внатрешни работи ќе биде избран на 20-ти октомври, по предлог на СДСМ, а во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Истиот датум ќе биде именуван нов министер за труд и социјална политика, исто така предложен од СДСМ. За овие две министерства, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи заменици министри.

dogovor2 dogovor21

СДСМ, пак, ќе добие заменици министри за финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација.

Овие заменици министри ќе можат да кренат вето на правни или финансиски прашања поврзани со организацијата на изборите. Новноназначените министри и заменици министри ќе останат на својата позиција во текот на преодната влада.

Актуелната Влада ќе поднесе оставка до Парламентот навреме за да и овозможи на преодната Влада да стапи во функција на 15-ти јануари 2016, односно 100 дена пред предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 24-ти април 2016 година. Новата Влада ќе биде предводена од нов премиер кој ќе го избере ВМРО-ДПМНЕ. Нејзината власт ќе биде ограничена на организација на предвремените парламентарни избори.

Оваа одредба ќе важи и сите идни парламентарни избори, така што ќе се внесе во законската регулатива со што е можно побрза измена на изборното законодавство.

Партиите се обврзале да избегнат било какви пречки што би го спречиле одржувањето на изборите во април наредната година.

До 15-ти септември ќе биде избран специјален јавен обвинител со целосна независност, кој ќе има надлежност да ја води истрагата за сите околности поврзани со прислушуваните разговори. Специјалниот јавен обвинител ќе биде назначен во договор меѓу сите партии.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска