Скопската полиција извести дека двајца штитеници од Домот за деца без родители „25 Мај“ повредиле социјален работник.
Според полицијата, меѓу малолетните штитеници и социјалниот работник започнало караница, која по кратко време прераснала во расправија.
Во еден момент, жртвата била удирана со клоци, тупаници, а потоа и со метална цевка, но за среќа, се спасила од насилните деца, кои подоцна биле пријавени во полиција.