Штипските институции со намален капацитет поради ширењето на коронавирусот

Од:

Работници во неколку штипски конфекции, двајца наставници од училиштата „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ се позитивни на коронавирусот, со што од денеска во изолација се 45 ученици од вторите одделенија во овие две училишта.

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов вели дека вирусот се шири и меѓу вработени во државните и локалните институции, а според информациите на епидемиолозите на Центарот за јавно здравје пациентите се сомневаат дека се заразиле надвор од работното место, при семејни или пријателски контакти. Поради поголем број на заразени, но и во изолација општините почнаа и да работат во две смени. Миланов вели дека засега немаат проблеми при тековното работење на општинската администрација.

-За жал имајќи го во предвид растечкиот тренд на новозаразени со овој вирус проблеми се очекува да има и ќе биде многу неодговорно ако кажам дека ќе нема. Но, сега засега функцираме и работата на институциите не е доведена во прашање. Сите институции функционираат можеби со намален интензитет, со одредени проблеми во работат. Меѓутоа функционираат и се надевам дека така и ќе остане и покрај овој растечки тренд, вели Миланов.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека во изминатото деноноќие на Инфективното одделение починале тројца пациенти, а најмладиот е 38 годишен жител на Виница. На ова одделение денеска се лекуваат 45 пациенти, од кои 20 на кислородна поддршка, а на Кожното одделение се сместени седум пациенти.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски