Штипски крадци однеле шини со кои требало да се гради мост

Од:

Фатена е организирана криминална банда, која крадела шини за изградба на мост. Штипските полициски службеници од слобода лишиле четири лица, на возраст од 38 до 51 година, сите од Штип.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во писменото соопштение наведува дека околу 19.30 часот во атарот на село Пенуш, со употреба на сила и погоден предмет лицата пресекле и одзеле шина која требало да се користи за изработка на мост.

Во интерес на истрагата не се открива дали материјалот е украден од мост кој во моментов се гради или, пак, станува збор за веќе изграден. Најден е и материјал, кој бил подготвен за транспорт. Шините се примамливи за крадците, бидејќи е висока цената на железото, кое се користи во градежништвото, велат надлежните.

Од полицијата наведуваат дека се работи на комплетирање на случајот, по што против крадците ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он