Штипската Зоолошка градина доби принова индиска коза. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека малиот Тар, односно егзотична коза е роден пред пет дена, а децата од детската градинка „Вера Циривири-Трена“ му го дадоа името Гизи.
– Најавувам дека за неколку дена почнуваме со изработка на нови боксови за нови животни кои треба да ги донесеме, како што се мајмуните кои ќе пристигнат во нашата зоолошка градина, потоа ќе пристигнат антилопи, џуџести кози и некои други животни, вели Бојаџиев.
Во првата и единствена зоолошка градина во Источна Македонија има 32 вида на животни, а за неполна година имаат над 17.000 посети од страна на децата и нивните родители.