Штипската сала „Јордан Мијалков“ ќе биде центар за имунизација во источниот регион

Од:

Жителите на источниот регион масовно ќе се имунизираат во спортската сала „Јордан Мијалков“, која е на Универзитетот „Гоце Делчев“, а се наоѓа во штипската населба Сењак. Директорката на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“-Штип, Снежана Трајковска вели дека оваа сала е најголема во градот Штип, а веќе е направена и обиколка на објектот.

-Во текот на наредната недела треба да утврдиме колку пунктови за вакцинирање ќе имаме точно, првично се над 20, а според првичните проекции дневно ќе може да се имунизираат од 1.000 до над 2.000 жители од регионот. Уредувањето на салата и прецизирањето на сите детали ќе биде во текот на наредната недела, вели Трајковска.

Забележува дека организацијата на имунизацијата на населението ќе биде по примерот во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Во целата организација ќе учествуваат вработените од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“-Штип, потоа здравствен персонал од Клиничка болница и Центарот за јавно здравје, а ќе се вклучат и студентите од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, како и волонтерите на Општинската организација на Црвен Крст.

Граѓаните од општините од Брегалничкиот регион нема да влегуваат во централното градско подрачје, туку ќе имаат брз влез и излез преку мини обиколницата и новиот мост на реката Брегалница, со што ќе се избегнат сообраќајните гужви низ градот.

Во штипската Клиничка болница денеска се хоспитализирани 89 пациоенти, од кои 55 се на постојана кислородна поддршка. Битката со коронавирусот ја загубија три лица од Пробиштип, Свети Николе и Радовиш, најмладиот пациент е на возраст од 52, а највозрасниот на 75 години.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски