Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Од:

Во Основниот суд во Штип денеска со сведочење на лекар, обвинетиот и завршните зборови на одбраната и обвинителство заврши судењето на Стојанче Зарков, кој е обвинет дека во август минатата година ја убил својата 84 годишна мајка Марија Заркова. Зарков беше познат штипски угостител.

Обвинетиот на денешното судско рочиште и даде исказ дека не се сеќава дали тој ја убил својата мајка или не. Пред судот изјави дека тој ден, на 8 август минатата година, ги извршувал секојдневните обврски, купил јадење и лекови за неговата мајка и излегол на кафе. Вечерта дома се вратил со такси возило. Потоа вели дека бил во другата соба кога неговата мајка почнала да вика, а кога влегол кај неа забележал дека од вратот и тече крв. Повикал брза помош, а дошле и полиција и јавен обвинител. Кога се јавил на бројот за итни случаи за да побара помош, Зарков се обратил со зборовите „ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“.

Но, денеска тој пред судечкиот совет изјави дека не се сеќава ниту на ова, туку дека го дознал откако ја слушнал снимката во Основниот суд. Потврди дека има проблеми со алкохолот и дека можеби требало да се лечи во институција, но додаде дека од разни причини не го направил тоа.

Обвинетиот и на претходните судење истакна дека не се чувствува виновен за смртта на неговата мајка. Настанот се случи на 8 август 2025 година, во семејната куќа на Заркови, нешто по полноќ.

Судечкиот судија, Сашко Георгиев денеска информираше дека судскиот процес е завршен, а објавувањето на пресудата е закажано на 9 февруари во 12.30 часот во Основниот суд во Штип.

Би можело да ве интересира

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он