Штипската полиција распиша потерница по Александар Стојанов од Кочани

Од:

Распишана е централна потерница за Александар Стојанов познат како Џуката од Кочани, кој од куќен притвор се дал во бегство, потврди за МИА, портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Стојанов е повеќекратен сторител на кривични дела, а последното го има сторено на 27 февруари, кога физичка ја напаѓа адвокатката Цветанка Тунџева, полномошник на неколку жртви во случаите за кои е обвинет Стојанов. Тунџева вели дека по брзо и професионално постапување на Јавниот обвинител и на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор во траење од осум дена во Куманово, но по истекот на затворскиот притвор кривичниот судски совет во Основниот суд во Кочани носи одлука Стојанов да замине во куќен притвор.

-По истекот на осумте дена кривичниот совет при Основен Суд Кочани мерката притвор му ја земани со домашен притвор, без никаква релевантна и оправдана причина. Од овде е и прашањето зошто е куќен притвор, кога знаеме дека се работи за познат строител на кривични дела, за лице кое има повeќе преставки, за лице кое повеќе пати се дава во бегство и самиот кривичен совет знае дека со куќниот притвор не може да го обезбеди, ниту МВР не може да го обезбеди и тоа се случи, вели Тунџева.

Стојанов и Тунџева денеска требаше да се соочат на првото судско рочиште за физичкиот напад во нејзината канцеларија, но полицијата не може да го обезбеди, бидејќи меѓу 13 и 14 март е даден во бегство и не е пронајден во неговиот дом. Тунџева посочува дека Стојанов кој е познат на кочанската јавност по низата сторени кривични дела разбојништво, изнуда и насилство пред две години во судница има нападнато и судија при изрекување на пресуда.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!