Штети од град кај лозјата во Тиквешко

Од:

Градот кој падна во четвртокот вечерта направи штети кај лозјата во Тиквешко, информира денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија“ од Кавадарци. Според него, оштетувањата на некои места достигнуваат и до 80 проценти.

– Сега сме на терен, можеме да кажеме дека покрај зимското и пролетното мрзнење, сега свој данок од лозовите насади земаа и градобијните зрна. Последици од невремето има кај над двеста хектари површина под лозја, соопшти тој.

Апелираше до надлежните во државата да се формираат комисии кои ќе ги проценат штетите, со цел обесштетување на лозарите чии имоти претрпеа штети од невремето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување