Штети од град кај лозјата и овошките во селата Паликура и Курија

Од:

Синоќешниот град што го зафати Тиквешкиот регион предизвика штети кај лозовите и овошните насади во селата Паликура и Курија.

– Оштетени се околу 50 хектари лозови и овошни насади. Се препорачува на лозарите после градот да ги третираат лозјата со бакарни средства со цел да се излечат раните врз ластарите во лозјата, рече за МИА Драган Николов, советник во подрачната единица на агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Николов вели дека штетите дополнително ќе се утврдуваат и потсетува дека сеуште важи мерката со која државата му помага на земјоделците и плаќа 60 отсто при осигурување на имотите.

– Лозарите кои немаат прва заштита да го направат тоа со системска заштита бидејќи со последните врнежи ќе се придонесе за појава на знаци на болеста пламеница кај лозјата, советува Николов.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници