Штајнмајер: Без изненадувања за Македонија на Самитот на НАТО

Од:

На самитот на НАТО не очекувам изнандувања во однос на приемот на Македонија во Алијансата, изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер, на форум со граѓани во германското МНР.

Запрашан од Дојче веле, можно ли е поради ситуацијата во Украина на самитот да има изненадувања, па Македонија и покрај противењето на Грција, да го добие полноправното членство во Алијансата, тој посочува дела не е во состојба сега да прогнозира што уште се’ ќе донесе тековната седмица и оти имајќи го предвид развојот на конфликтот меѓу Русија и Украина, би бил задоволен кога би имал преглед на случувањата во наредниот половина ден.

– Би можел да кажам дека овој НАТО-самит го подготвивме колку што беше возможно. Ќе се одлучува за многу неопходни работи што се однесуваат на Балтичките држави. Што се однесува до проширувањето, доколку се погледне во документите, се гледа дека има различен напредок кај различните партнери од Западен Балкан. Во моментов, во однос на ова, не гледам дека ќе има големи изненадувања, вели Штајнмајер.

Тој најави дека поради ситуацијата со Русија, НАТО на состанокот на врвот ќе расправа за тоа како ќе ја гарантира безбедноста на балтичките држави.

Би можело да ве интересира

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата