Штафета во Кочани

Од:

Титовите младинци остареа, ама идејата за единство остана. Во Кочани по трет пат Денот на младостта се славеше со штафета. Со различна етничка припадност, но со иста мисла, прославата на 25-ти Мај обедини група кочанчани.

Годините на нивните плеќи сепак го сменија и начинот на славење. Некогаш со слет и парада, штафетата по кочанските улици денес се провозе со авотомобил.

„Се надевам дека оваа манифестација ќе биде прифатена од нашата сегашна држава, Република Македонија и понатаму ќе продолжи да се организира, како на времето, на сите поранешни југословенски простори“, вели Трајче Трендов, претседател на Здружение на Јосип Броз Тито-Кочани.

Штафетата е нашиот начин да кажеме дека некои вредности не треба да умрат. Не нарекуваат југоносталгичари, ни лепат и други етикети, но ова е нашата порака и за младите и за сите граѓани од бившите ЈУ држави дека иднината ни е заедничка, од тоа нема бегање, велат од Здружението Јосип Броз Тито.

„Ние како здружение наоѓаме и време и финансиски средства, да го одбележиме овој ден и на некој начин да ги потсетиме младите, како ние живеевме, како го минувавме времето и како се одолжувавме кон постарите“, вели член на Здружението.

„Лани во Октомври бевме во Бихаќ, на првиот конгрес на Антифашисти, со една цел-рушење на бариерите и границите, не насилно, туку демократски да бидеме како порано независни, но заедно и да го шириме братството и единството“, вели Ѓорѓи Николов, Здружение на Јосип Броз Тито-Кочани.

Кочанската штафета стигна до селото Бели, таму наместо Тито, ја прими претседателот на кочанскиот огранок на Здружението на негови почитувачи. Тој лично догодина на 4-мај ќе ја остави на гробот на Маршалот во Белград. Годината е јубилејна денеска се навршуваат 120 години од раѓањето на Тито. За да биде прославата во согласност со јубилејот од Црна Гора и Босна тргнале две штафети. Денес се сретнаа во Белград.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он