Со песни, цвеќиња и ветување на најмалите пионери дека ќе го следат патот на маршалот, „Сојузот на Титови леви сили“ пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, го одбележа 25 Мај – Денот на младоста и роденденот на првиот човек на бивша Југославија.
Претседателот на партијата Слободан Угриновски заминал во Белград, каде што се одржува централаната прослава на која секоја години се собираат претставници на 6-те бивши југословенски држави. Пред скопската гимнзија членовите на партијата го прочитаа текстот на штафетата кој е испратен во Белград и ги потсетија присутните на нивната идеологија
На прославата беше присутен и првиот Македонец кој му ја предал штафетата на Тито. Го одбрале затоа што бил активен младинец и учесник во Народно ослободителната борба.
Од присутните поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито, имаше забелешка дека на Тито не му е дадено признание за придонесот што го направил после големиот земјотрес во Скопје.
Пред споменикот на Тито положија цвеќе и жените на СДСМ од општина Карпош. Сојузот на Борци иако биле поканети и најавени не присуствуваа на прославата. Од титовите леви сили беа зачудени за нивното отсуство.
Јасмина Спасовска
[nggallery id=27]