(ВИДЕО) Шолц: Не треба да има нови условувања за Македонија, јас гарантирам за тоа

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц коментирајќи го неодамнешното писмо на бугарскиот претседател Румен Радев кој го испратил до ЕУ, критикувајќи го македонското лобирање во однос на спорот со Бугарија.

-Тоа е јасно договорено и треба така да биде. Треба да биде редовен пристапен процес. Тоа се напишани работи на хартија и не треба да дојде до други. Зад тоа стојам и гарантирам, рече Шолц, одговарајќи на новинарско прашање околу евентуалните нови услови од бугарска страна на патот на Македонија кон ЕУ и пристапните преговори.

Радев во писмото до Брисел, меѓу другото напиша дека уставните измени се само прелиминарен услов за Македонија и дека не се исцрпени сите услови за нашата земја да ја започне втората фаза од преговорите.

Би можело да ве интересира

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Медведев за партиите во Германија: Кој има повеќе поддршка, тој е екстремист

А1он

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он