Шилегов: Во автобусите се почитува мерката за исполнетост на капацитетот, ќе ги чекаме препораките на Комсисијата и соодветно ќе одговориме

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека бројот на превезени патници во градските автобуси е намален од преку 62 проценти во однос на лани. Тој нагласи дека во автобусите се почитува мерката за исполнетост на капацитетот до 75 проценти.

– Кога ќе го погледнете бројот на валидирани билети ќе видите дека бројот на превезени патници во текот на оваа година е 37,5 проценти од истиот период што се превезле во 2019 година. Што значи дека имаме намалување на бројот на превезени патници од преку 62 проценти. Од тие причини на дневна основа ги пратиме сите работи како се движат, ќе чекаме да ги видиме препораките од Комисијата за заразни болести и соодветно ќе одговориме, посочи Шилегов одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека ЈСП било прво транспортно претпријатие во светот што почна со дезинфекција на превозните средства, но потенцира дека мора да има и лично поведение за заштита на сопственото и јавното здравје.

-. На фотографиите многу ретко може да видите луѓе со заштитни маски што е навистина за мене неодговорно однесување на дел од граѓаните, посочи Шилегов.

Во однос на тендерот за тунелите под кале, тој информира дека во тек е носење на Деталниот урбанистички план од страна на Општина Центар, а откако ќе заврши ќе видат каква ќе биде регулацијата предвидена во тој ДУП.

– Според сознанијата што ги имам тој би требало да биде донесен до средината на ноември и потоа по основ на така донесениот ДУП да можеме или да ја смениме регулацијата, имајќи предвид дека таму е крив мостот или по основ на ДУП-от да ја распишеме постапката, додаде Шилегов.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он