(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ го крши деловникот, Талат Џафери е предлог за претседател на Собранието

Од:

Денеска граѓаните се сведоци за тоа кој сака да ја продолжи кризата. Реплицирањето сами на себе е кршење на деловникот, рече пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој нагласи дека парламентарното мнозинство нема да дозволи блокирање на Собранието, бидејќи со тоа ќе колабира системот.

На новинарско прашање кој е кандидат за претседател на парламентот Шилегов истакна дека тие ќе го поддржат Талат Џафери од ДУИ.

– Апелираме да прекине кршењето на деловникот, единствената платформа на ВМРО-ДПМНЕ е кршење на Уставот. Ние мора да одбереме претседател на Собранието, во спротивно ќе бидеме учесници во разнебитувањето на Македонија, рече Шилегов.

Тој кажа дека надвор од секоја пракса и логика е ВМРО-ДПМНЕ да бара претседател и мнозинство во Комисијата за избори и именување. Според Шилегов, ВМРО-ДПМНЕ бега од одговорност која неминовно им следи.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!