Шилегов со одлука: Утре ќе се отстрани времениот објект на покривот на ГТЦ

Од:

Градоначалникот на Скопје најави отстранување на објектот на покривот на ГТЦ за кој се појавија многу рекации во јавноста.

„Би сакал да ја информирам јавноста дека Град Скопје денес донесе одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ, а тоа подразбира демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот.

По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, од утре и официјално започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ.

Работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, во текот на следната недела започнуваме со поставување на земјената подлога и во текот на месецов ќе можеме да го видиме поставувањето на првото зеленило“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски