Шилегов: Новиот в.д. директор на „Дрисла“ денеска ја презема функцијата

Од:

Новиот вршител на должност директор на „Дрисла“ денеска официјално ја презема функцијата, соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

„Имав средба со поранешниот и сега веќе сегашниот в.д. директор на депонијата, официјално беа врачени решенијата. Во моментот се извршува попис за примопредавање на активностите и јас очекувам дека за ден два ќе заврши целиот тој циклус со цел Градот да го воспостави и фактичкото владение врз „Дрисла“, нагласи Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање околу информацијата што беше објавена во медиумите дека во земјава во период од две години се увезени околу седум милиони тони отпад, тој наведе дека од она што го дознал од Министерството за животна средина, не станува за отпад што се депонира, туку за отпад што се користи во индустриски цели.

„Министерството за животна средина и просторно планирање ја има точната евиденција и на количините и на субјектите и на бројот на дозволите што се издадени, меѓутоа по она што од таму ми е кажано не станува збор за отпад кој се депонира, туку за отпад што се користи во индустриски цели, податок што е куриозитетен е дека најголем увозник се јавува „Макстил“, а предмет на увоз отпад е старо железо“, рече Шилегов.

Коста Начевски е вршител на должност на Јавното претпријатие „Дрисла“, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Ангелов.

Централниот регистар вчера и официјално го впиша како вршител на должноста директор на Јавното претпријатие Дрисла, Коста Начевски.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски