(ВИДЕО) Шилегов: Нема ништо класифицирано во купувањето плацеви на Водно

Од:

Овие луѓе не се ни ВМРО ни ДПМНЕ, туку збирштина од индивидуи кои се штитат меѓу себе, рече претседателот на Анкетна комисија, Петре Шилегов од СДСМ, по барањето на Антонио Милошоски од ВМРО- ДПМНЕ да бидат затворени за јавноста седниците на кои ќе се сослушуваат првите луѓе од владејачката партија.

Шилегов изјави дека ВМРО-ДПМНЕ под превезот на класифицирани информации се обидува да ги скрие исказите на Груевски, Јанкуловска, Ставревски, Мијалков, Јанакиевски и Протуѓер.

-За нас е нејасно што е класифицирано во купувањето плацеви на Водно, во крадењето на изборите, во тегнењето за уши на гласачите. Зошто ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го сокријат тоа? Но ова барање не не изненади. Оној што има што да крие, ќе се обидува тоа да го сокрие до крај – изјави тој по завршувањето на седницата.

Очигледно, додаде, партијата на власт нема намера да го спроведе договорот од Пржино.

-Да потсетам Анкетната комисија беше едно од барањата на меѓународната заедница со цел да се утврди политичката одговорност во моментите кога овие луѓе ги пречекориле своите овластувања – посочи тој.

Шилегов рече дека ќе стори се за јавноста да добие увид во податоците од сослушувањата кои нема да бида класифицирани.

-Изборот на ВМРО-ДПМНЕ е да се кријат во својата дупка, но од таа дупка ќе ги извади народот во април. Ќе направиме се што можеме, ќе ги преиспитаме механизмите за јавноста да има некаков увид во овие сослушувања – рече тој.

Следната седница на Анкетната комисија ќе се одржи во среда наредната недела.

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Филипче: Реверсот не го оправдувам, за да има лек за сите паценти морале да го земаат

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ