Шилегов на билатерални средби со градоначалниците на Подгорица и Пловдив

Од:

Градоначалникот Шилегов вчеравечер во ресторанот на „Парк хотел и спа“ имаше работна вечера со делегација од збратимениот град Подгорица, Црна Гора, предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ. Двајцата градоначалници разговараа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града и за можноста за продлабочување на таа соработка во повеќе области од урбаното живеење.

Денеска, пак, градоначалникот Шилегов се сретна со градоначалникот на Пловдив, Бугарија, Иван Тотев. На средбата се разговараше за интересот на Град Скопје да се кандидира за Европска престолнина на културата во 2028 година и за искуствата и соработката со Градот Пловдив кој е Европска престолнина на културата 2019 година.

Делегациите од Подгорица и од Пловдив присуствува на денешното чествување на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември и положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите. Вечер, делегациите од двата града ќе присуствуваат на доделувањето на наградите „13 Ноември“ и на концертот на Македонската филхармонија, што се организира по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Скопје.

Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и годинава одбележуваат 10 години од збратимувањето. Двата града негуваат плодна соработка и разменуваат позитивни искуства, особено за прашања од комуналната сфера и урбаните проблеми.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош