(ВИДЕО) Шилегов: Единствен начин да го довлечкаме Груевски пред Анкетна е со притисок на јавноста

Од:

Пратеничката група на СДСМ ќе направи се во нејзина можност да биде отворена за јавноста седницата на Анкетна комисија на која ќе сведочи премиерот, Никола Груевски, изјави денеска претседателот на Комисија, Петре Шилегов кој рече дека очекува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да бараат затворање на седницата, како и да ја опструираат работата. Како што рече тој, единствениот начин за Груевски да се појави на сослушуањето е преку притисок на јавноста.

– Единствен начин да го довлечкаме Груевски во оваа Анкетна комисија е овој на кој што постапивме. Да не беше притисокот на јавноста, Груевски или немаше да се појави или ВМРО со своето видено сценарио ќе го одложеше неговото сведочење што е можно повеќе – рече тој.

Од друга страна, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат токму опозицијата да го саботира сведочењето на лидерот на десничарите.

– Очекуваме дека во понеделник нема да се создаде работна атмосфера за претседателот на Владата да даде исказ пред Анкетната комисија.

Очекуваме да се прават пречки, процедурални укажувања, прекинување на седници, барање за паузи, презакажувања за следен ден и сите други можно деловнички и неделовнички механизми со кои СДСМ ќе се обиде да го попречи обраќањето на оние што писмено потврдија дека сакаат да дадат исказ – рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој не одговори на новинарското прашање дали со тоа што поранешниот директор на УБК не се појави на денешното сослушување говори дека има нешто да скрие од јавноста и од Комисијата. Наместо тоа Милошоски рече дека Комисијата е подготвена да сослуша секој кој е подготвен да се појави.

– Шилегов кажа кој е спремен да дојде да сведочи и кој писмено се изјаснил. Ние сме отворени до крајот на јануари за секој кој смета дека треба да даде исказ пред оваа Комисија да овозможиме работна атмосфера – рече тој.

Милошоски додаде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се задоволни од работата на Шилегов и дека сметаат оти Горан Мисовски од НСДП е поискусен пратеник да ја води работата на Комисијата.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Филипче: Реверсот не го оправдувам, за да има лек за сите паценти морале да го земаат

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ