Шест приведени во акција против дрога спроведена од СВР – Охрид

Од:

Шест лица се приведени во акција што од 20 до 23 овој месец ја спроведе Отсекот за криминалистичка полиција при СВР – Охрид.

Станува збор за мерки што полицијата ги спроведува во насока на пронаоѓање лица кои вршат недозволено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Во рамки на акцијата, по претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршени биле повеќе претреси во домови и други простории, во патнички автомобили, како и прегледи на лица. Притоа биле пронајдени и одземени се околу 60 грама опојна дрога марихуана, 10 грама хероин, 21 грама амфетамин, 10 грама спид, 10 куршуми и еден револвер.

Предметите се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во Скопје.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он