Шеснаесет политички партии ја потпишале Декларацијата на Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ

Од:

Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ во пресрет на гласањето на предвремените парламентарни избори потсетува дека вкупно 16 политички партии се обврзале дека по изборите ќе се залагаат за преземање на акции со кои ќе се обезбеди континуитет на програмите за превенција на ХИВ со цел до 2030 година во земјава да има нула новоинфицирани.

– Политичките партии се обврзаа дека по парламентарните избори на 15 јули 2020 година, преку пратениците во новиот парламентарен состав, односно преку своите претставници во извршната власт, ќе иницираат и поддржат препознавање на граѓанските организации како даватели на услуги од здравствената заштита од посебно значење за јавното здравје за ранливи групи на население, во рамките на постојниот или во нов Закон за здравствена заштита, и обезбедување долгорочна одржливост на досегашното национално финансирање на програмите и активностите за превенција, тестирање и поддршка во врска со ХИВ за групите под особен ризик, кои ги спроведуваат граѓанските организации, се наведува во денешното соопштение од оваа организација.

Декларацијата, како што посочуваат, ја поддржале Алијансата за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – Народна партија, Движењето Беса, Демократска обнова на Македонија, Достоинство – ППД, Либерално-демократската партија, Нова алтернатива, Новата социјалдемократска партија, Обединетата партија за еднаквост на Ромите, Обединети за Македонија, Партијата за движење на Турците во Македонија, Партијата за демократски просперитет на Ромите, Партијата за целосна еманципација на Ромите, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Твоја партија.

Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ е составена од 14 граѓански организации кои подолго од една деценија спроведуваат програми за превенција и тестирање за ХИВ во повеќе од 12 градови низ државата.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

Орце Костов

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

Орце Костов

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

Орце Костов

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска