Шеќеринска: ВМРО-ДПМНЕ многу вети за Ресен, а ништо не исполни

Од:

ВМРО-ДПМНЕ многу ветува, но ништо не остварува, порача СДСМ од Ресен, каде продолжува „Работното лето“.

„Центаот за откуп на јаболка, кој е ветуван секоја година се уште го нема а ресенчани се жалат дека е запустена локалната инфраструктура. Жителите се жалат на проблеми во водоснабдувањето, особено потребни за земјоделието во голем дел од Преспанскиот регион“, изјави Радмила Шеќеринска од СДСМ.

„Денеска и вчера сме целосно посветени на општината Ресен, посетивме голем дел од урбаните и рурални средини. Бевме во Царев Двор, во Јанковец, во Подмочани, бевме во Крани, а денеска ќе се посветиме на централните делови на општината Ресен. Ќе разговараме со претставници на пензионерите, на инвалидските организации, на младите и ќе разговараме на теми на кои граѓаните сакаат да разговараат, бидејќи имаа многу што да кажат. Запустени се каналните мрежи, запустена е инфраструктурата, не се отвораат нови работни места. Меѓутоа, денеска сме тука не за да ги редиме проблемите, туку да кажеме дека сме дел од решението на тие проблеми“, рече Шеќеринска.

Кандидатот за градоначалник на Ресен, Јордан Проевски вети дека негови приоритети ќе бидат решавањето на проблемот со водата и со стариот водоводен систем. Проевски рече дека ќе се залага за пронаоѓање решение на проблемот со наводнувањето на земјоделските површини и вода за пиење, за унапредување на земјоделието, за урбанизирање на градот, средување на инфраструктурата и уличното осветлување, како и за поврзувањето на градот со околината.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски