Шекеринска: Правната држава треба да функционира

Од:

Одлуката на СДСМ и пратениците од власта да ги поддржат правосудските органи да го водат процесот за обвинетите за настаните во Собранието на 27 април е заради обврската на новата Влада дека ќе има правна држава, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по состанокот со министрите од Јадранската повелба во Охрид.

– На сите им е јасно дека политичката ситуација во Македонија е под влијание на случувањето во Собранието и во државата, свесни сме дека одлуката на Обвинителството да бара процесирање на целиот случај за одредување мерка притвор предизвика многу политички реакции. Ние не сакаме да бидеме слепи дека тоа се случува, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава