Шекеринска-Парли: Франција силно ја поддржува Македонија за членство во НАТО

Од:

Франција ја поддржува Македонија на патот кон полноправно членство во НАТО. Договорот со Грција е голем пресврт во односите во регионот, а двете држави да го поддржат и да дозволат негова целосна имплементација, порача денеска министерка за вооружени сили на Франција Флоренс Парли на средбата со министрката за одбраба Радмила Шекеринска која е во официјална посета на Париз.

Министерката Парли изрази задоволство од придонесот на припадниците на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ на НАТО и ја истакна заинтересираноста на Франција за учество на Македонија и во мировни операции на ОН и ЕУ. Таа ги оцени позитивновнатрешните реформски процеси за исполнување на поставените критериуми за членство на Македонија во ЕУ и во НАТО.

Како што јавува дописникот на МИА од Париз, на министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска и беше приреден официјален пречек од страна на министерката Парли и државната секретарка Женевиев Дариосек со највисоките воени почести, со интонирање на македонската и на француската химна и постројување на Републиканската гарда и свечените трупи на сите родови на вооружените сили на Франција.

Во разговорите министерката Шекеринска го нагласи очекувањето нашата земја во скоро време да стане полноправна членка на НАТО и да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

-Мојата влада вложи многу во процесот на зачленување во НАТО. Покажавме резултати во домашните реформи, вклучително и на план на одбраната, но и се зафативме со отворените билатерални прашања, рече Шекеринска.

Таа додаде дека процесот на пристапни разговори со НАТО е завршен и дека за неколку дена ќе биде поднесена Програмата за продолжување на реформи, а паралелно во Собранието се води процесот на уставни измени за чија иницијатива даде поддршка и дел од опозицијата.

Шекеринска во Париз се сретна и со претседателот на Комисијата за надворешна политика, одбрана и воени сили Кристијан Камбон, а оствари средби и со други високи претставници од одбраната и безбедноста, како директорот на Францускиот институт за одбрана, Генералот Патрик Дестремо.

-Ние сме посебно почестени и горди од оваа посета, бидејќи во рамките на Западен Балкан, Македонија има значајна улога и таа направи додатен чекор кон подготвувањето на своето членство како во НАТО, така и во Европската Унија. Договорот кој беше постигнат со грчките соседи, евидентно е многу важен, бидејќи тоа беше услов кој ја спречуваше да напредува. Ние разговараме за работата која останува да се направи кон членството во Европската Унија и НАТО. Јас можев да и потврдам на Госпоѓата Заменик-премиер дека Франција е на нивната страна и дека ние ќе ја придружиме таа постапка, предлагајќи и соработка како на ниво на нашиот парламент и нашиот Сенат, изјави сенаторот Камбон по средбата со Шекеринска.

Интересот и вниманието кое Франција и го посветува на Македонија и Балакнот, според францускиот сенатор не е случајно.

– Балканот е еден регион кој имаше малку бурна историја, но мене ме интересира да гледаме кон иднината. И во диспозициите на актуелната влада на Македонија, гледаме дека има вистинска волја да се интегрира ЕУ, односно да се интегрираат нејзините поринципи, методи на работа. И да се развијат нејзините вредности. На ист начин на тој марш кон НАТО, тоа е заедничка борба против тероризмот, против сектаризмот, кои треба да бидат земени во предвид и поради тоа ние сме многу внимателни на тоа што се случува во тој регион на светот. Вие добро знаете дека со глобализацијата, мирот може да биде загрозен на два – три часа од Париз, и тоа исто така ќе се однесува на нас. Значи ситуацијата на Балканот не интересира и затоа ние ќе и помогнеме на Македонија, истакна Камбон

Министерката Шекеринска во мај беше одликувана со орден „Командант на Националниот ред за заслуги на Република Франција“. Ова високо одликување, воспоставено во 1963 година од Генералот Шарл де Гол, се доделува за истакнати граѓански заслуги, на воени или цивилни лица. Таа го доби орденот за нејзиниот особен придонес кон развојот на односите помеѓу Македонија и Франција, како и за нејзината посветеност на промовирањето на европските граѓански вредности.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО