Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја почна работната посета на Соединетите Американски Држави, која е прва на претставник на Владата на Северна Македонија по смената на американската администрација и доаѓањето на новиот американски претседател Бајден.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска порача дека посетата ќе ја искористи да ги пренесе пораките кои се важни за Северна Македонија и уште еднаш да се потврди интензивното, стратешко партнерство и сојузништво помеѓу двете земји.

– Ова е прва посета на претставник на нашата Влада, Владата на Република Северна Македонија, на нашиот стратешки партнер, САД, по промената на администрацијата, односно по изборот на новиот американки претседател Бајден и затоа е многу важно што ќе имаме прилика на овие средби кај сите претставници и на Пентагон и на американскиот Стејт Департмент да ги испратиме за нас важните пораки. Првата таква порака е дека како држава покажавме дека и по нашето членство во НАТО ние сме сојузник на кој и НАТО и Соединетите Американски Држави можат да сметаат, рече министерката Шекеринска.

Таа истакна дека соработката која до членството на Северна Македонија во Алијансата имаше една клучна цел – членството во НАТО, денеска влегува во нова фаза, каде двете земји како сојузници во Алијансата разговараат за теми кои се важни за земјите, но и за регионот и за светот.

Министерката порача дека од американските претставници во Пентагон и во Стејт Департментот ќе побара новата американска администрација предводена од претседателот Бајден да го задржи фокусот и интересот кон Балканот, како и дека ќе биде побарана и силна поддршка од САД за интензивирање на нашиот европски пат.

– Само целосна Европа, само обединета Европа, само Балкан интегриран во Европа може да гарантира безбедност и сигурност на целиот регион, а тоа е целта и на НАТО и на Европската Унија и на сите нас коишто сме дел од евроатлантското семејство, порача министерката во видеообраќање.

Би можело да ве интересира

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

САД воведоа нови санкции кон Иран: Трамп има „недостаток на добра волја“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета