Шекеринска од Кичево: Со ДПМНЕ бевме вечен кандидат за ЕУ, ние ги почнавме преговорите

Од:

После 30 години зборување за НАТО, сега можам да застанам пред вас и кажам, луѓе нашава мала Македонија е членка на НАТО, најмониот сојуз на денешницата, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.

На нашата држава на која од 91 и предвидуваат мрачни сценарија успеа да влезе во созјуот и да удри печат на својата државност, истакна Шекеринска

„Ги почнуваме преговорите, меѓутоа не сакам мојата земја вечно да преговара. Со нив нашата земја вечно беше земја кандидат, утре под нивна власт, едно поглавје нема да отвориме, едно поглавје нема да затвориме и тоа е јасно како ден, бидејќи ниту сакаат Европа, ниту знаат како европски да се однесуваат.

Затоа, мислам дека на 15-ти јули можеме да бидеме храбри, оптимисти, амбициозни, едно нешто не смееме, не смееме да се коцкаме, и не смееме да ризикуваме повторно да му дадеме шанса на ој грд режим затоа што тоа ќе значи крај на ЕУ, крај на слободата, крај на решавањето на проблемите и нов почеток на тензии, притисоци и кавги.

Од кавги не се живее, од кавги куќа не се гради, од кавги куќата само се растура“, кажа носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он