Шекеринска од Битола: Судиите и обвинителите кои застаруваа случаи ќе бидат разрешени и казнети

Од:

Носителката на листа во ИЕ 5 денеска во Битола остварува повеќе теренски активности. Меѓудругото таа истакна дека владата што ја предводи СДСМ наследила уништен правосуден систем.

– Владата работеше на темелни промени а во вториот мандат ќе се погрижиме 100 проценти законот да е еднаков за сите. Тоа го можеме само со стабилно мнозинство и период во кој следува прочистување во правосудството, рече Шекеринска.

Законот е еднаков за сите, потенцира таа, додавајќи дека не се мешаат во судството но инсистираат на правда.

-Пред граѓаните излегуваме со сигурна понуда, можеме сигурна понуда за повисоки плати и повисоки пензии, нашиот фокус во следните четири години е да ја трансформираме нашата економија и да обезбедиме нова македонска развојна економија, а во тој дел еден од главните фокуси ќе биде обзебедувањето повеќе пари за компаниите но и за граѓаните, истакна Шекеринска.

Таа потсети дека во период на пандемија, минималната плата е задржана на 14.500 денари, а со програмата на СДСМ и коалицијата, оваа минимална плата, во целиот мандат се очекува да порасне за 40 проценти.

-Ова го кажуваме како луѓе и како Влада која успеа за само две и пол години минималната плата да ја покачи за речиси 60 проценти. Покажавме дека можеме да обезбедиме повисока минимална плата, покажавме дека може да обезбедиме и повисока просечна плата и очекуваме во следните 4 години просечната плата да порасне до 30 насто. Домашните фирми рече Шекеринска, нема да ги оставиме на цедило и овој пат ќе ги поддржиме со дополнителни 600 милиони евра, од нив 300 милиони евра ќе доаѓаат од домашниот буџет, а 300 милиони евра ќе обезбдиме од европските фондови. Со членството во НАТО ќе обезбедиме рекорден број странски инвестиции, нагласи Шекеринска.

Како што посочи, вратена е довербата во македонското здравство и според неа, подготвени се за следните предизвици во соочување со пандемијата.

-Во следнииот мандат ќе насочиме 33 милиони евра кон целосна реконструкција и опремување на сите одделенија за интензивна нега, и на тој начин ќе обезбдиме и при следниот бран на корона вирусот да ги имаме неопходните капацитети. Вложивме во нови кадри во здравството, обезбедивме рекорден број на специјализации и затоа велиме дека јавното здравство ќе биде наш приоритет заради коронавирусот, но и заради граѓаните кои што секогаш очекуваат и заслужуваат добра здравствена заштита, рече Шекеринска.

Пред битолчани, кандидатите за пратеници од СДСМ и коалицијата предводени од носителот на листата Радмила Шекеринска ги презентираа програмските определби, а информираа дека патните трошоци во Собранието ќе бидат укинати со што ќе се обзебеди граѓаните да ја враќаат довербата кај Собранието и кај своите избраници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он