Шекеринска – Ињац: Членството на Северна Македонија во НАТО нов импулс во регионалната соработка

Од:

Северна Македонија и Црна Гора се пример за успешна соработка во одбраната и во едукацијата на персоналот и јакнење на одбранбените капацитети. Поддршката што ја добивме од Подгорица за нашиот влез во Алијансата беше поддршка за стабилизација на целиот регион, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска во денешниот разговор преку видео врска со ново именуваната министерка за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац.

Честитајќи и на црногорската колешка за функцијата и за изборот на новата влада, Шекеринска посочи дека црногорските искуства од пристапувањето во НАТО се наш патоказ во процесот на интегрирањето во системот на Алијансата и ја подвлече важноста на соработката во регионот на полето на одбраната и кохезивната улога на НАТО.

Министерката, информираат од МО, посочи дека приемот на двете земји во НАТО е показател дека во Алијансата нема големи и мали, туку е тоа семејство на еднакви држави, со еднаков глас и еднаква одговорност. Во таа смисла подвлече дека земјава го развива својот Регионален центар за односи со јавност да прерасне во центар за справување со дезинформации и лажни вести, со што НАТО и регионот ќе добијат дополнителен капацитет за борбата против влијанијата кои сакаат да ги поткопаат стабилноста и интегритетот на Западен Балкан.

На видео средбата стана збор за размена на учество на вежбите идната година во двете земји, за што министерката Шекеринска ја истакна важноста на воениот полигон Криволак и инвестициите што Министерството за одбрана и Армијата ги вложуваат за развој на инфраструктурата на полигонот и зголемувањето на неговите капацитети.

Црногорската министерка Ињац го поздрави членството на нашата земја во НАТО и истакна дека одличната одбранбена соработка меѓу двете земји ќе добие на интензитет и дека меѓусебната поддршка ќе продолжи и во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Германија: Ниедна земја-членка на НАТО нема да биде оставена сама на себе

Руте: НАТО не може да си дозволи да соборува дронови со скапи ракети

Холандија се закани: НАТО ќе соборува руски авиони

ВИДЕО: НАТО упати остро предупредување до Русија

ВИДЕО: Итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руски авиони во Естонија

Певкур: Подготвени сме да се одбраниме од Русија заедно со нашите сојузници од НАТО