Шекеринска: Двојно ќе ги зголемиме платите на сите во здравството

Од:

Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5 од Струга посочи на проблемот со иселувањето кој според неа ги мачи сите во Република Македонија.

-Младите во нашата држава не можеа да ги остварат соништата дома, бидејќи власта 10 години работеше само на лично и партиско богатење, затоа заминуваа низ белиот свет, таму формираа семејства, таму ги селеа своите семејства и таму создаваа шанси за пристоен живот.

Ние имаме план за младите во Македонија. Имаме план за живот во Македонија. Тој план подразбира повеќе работни места и подобро платени работни места.

Затоа во нашиот План за живот во Македонија предвидуваме минималната плата во нашата држава веднаш да ја покачиме на 12 илјади денари, на крајот на мандатот таа постепено ќе се зголемува, и ќе изнесува 16 илјади денари.

Паралелно со зголемувањето на минималната плата ќе ги зголемуваме платите и во здравството, и во образованието.

Двојно ќе ги зголемиме платите на сите коишто работат во здравство и се дел од медицинскиот кадар, и лекарите и медицинските сестри и болничарите. На тој начин ќе ги задржиме да останат во јавното здравство на Република Македонија.

Ниту еден наставник или професор кој работи во образованието нема да има плата пониска од просечната плата.

Со серија на мерки со зголемување на минималната плата, со поддршка на домашните компании, со зголемувањето на платите во здравството, и во образованието ќе обезбедиме просечната плата во Македонија да изнесува 30 илјади денари. На тој начин ќе го враќаме животот во Македонија, на тој начин ќе обезбедиме шанси за сите во Република Македонија.

Груевски понуди живот само за себе, за својата фамилија, и за својата политичка партија. Со него нема напред за сите останати во нашата држава, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Шекеринска: Ниту сум имала контакт со семејството на возачот кој ја прегази Фросина, ниту сум ургирала за некого

А1он

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО