НАТО најавува нови проекти во вселената и ракетната одбрана

Од:

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, денес ги презентираше новите проекти на Алијансата во областите на вселената и надзорот, офанзивните способности и интегрираната воздушна и ракетна одбрана.

Зборувајќи за проектите во областа „Вселена и надзор“ на Форумот за одбранбена индустрија во Анкара во рамките на 36-от самит на шефови на држави и влади на НАТО, Шекеринска нагласи дека вселенските капацитети станаа клучен дел од критичната инфраструктура и безбедноста и дека модерните армии не можат ефикасно да функционираат без вселенски технологии, објави Анадолу.

Таа изрази задоволство од започнувањето на проектот за истражување на развојот на сателитската група „Хало“, оценувајќи дека овој модел ќе ги надмине ограничувањата на поединечните национални сателитски флоти во однос на трошоците, времето и покриеноста, со значителни предности за комуникации, разузнавачки активности и следење на ракети.

Би можело да ве интересира

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“