Имајќи ја во предвид принуденоста да бидам в кревет не ми останува ништо друго, освен одвреме на време фб и во паузите меѓу два тениски меча, да вртам по ТВ каналите.
И почнувам од МТВ 1 и гледам деновиве Џемс Бонд 1, 2, 3……………. па тамам тоа насилство заврши започна друго, чинам Блејд се вика.
И тој еднаш, двапати, трипати……. а бе крв до крв, ќотек до посер. Ај, си викам ќе шарнам.
Шарам барам и оп пак 1, 2, 3……. ама овој пат Спајдермен. Детено наивно изгледа, тој што го игра Спајдермено, ама тепа, лета, растур прави.
И нормално против тежа има, за да има со кого да се тепа и од кого да го спасува светот. Ај, си викам, малку Алфа да ја ѕирнам.
Кога таму, да видиш чудо, партизански филмови растураат. Бата Чичолина партал ги прави ова германчиштава.
Крв до колена, Отпишани на секаде, ама пак се запишуваат. Терај викам, идемо даље, кога оп Телма.
Гледам и не ми се верува. Филм до филм или класика или филмови значајни за широкиот екран.
Нема вампири, нема чудовишта……….. е добро де има помалку и тепачка, ама софистицирана, стилизирана.
Еве на пример поручеква го гледав Алан Лад во легендарниот Шејн (Боки како прилично памтечки се сеќава на него).
И сега кој ми е к…ц и зошто ова го пишувам!? Па како да не го пишувам кога сите наши НАЈНОВИ БАЈАТИ ВЕСТИ почнуваат, од типот: Денеска драги гледачи, (па уште сме им и драги) во скопската населба Аеродром се фрли девојка од деветти кат, во Ѓорче шиптар избодел со нож и пролил СВЕТА македонска крв.
Па, по некое време, не го избодил, ами овој сам се бодел со ножот ама не со негова рака.
Оној таму отепал две, па сам се убил, па Вевчани, па…………. а бе низ целава ни држава.
Па што сакаме бе ние, како да се однесуваат поддатливите, младите, освен така како што се однесуваат. Секој скоро на газот носи пиштол, нож и што ли не. Ама имал дозвола и легално го поседувал пиштолот! каква е таа легализација и по кој основ им се дава дозвола.
Аман нека почне тенисов да се олабаам малку, а и вас да ве олабавам да не ве малтретитрам со глупости.
Имам уште многу, ама ај да остаам за друг пат.
Доста јадеш г…а бе, ај сиктер уклучуј тоа тенисот…
Марин Бабиќ