Шанса за Центар: Нема празници за сечачите на Водно

Од:

„На 31 декември, на часови пред Нова Година, инвеститорите не мируваат. Утрово работници почнуваат да ги сечат дрвјата на првата парцела на Водно за која е издадена градежна дозвола. Граѓаните од улицата „Питу Гули“ се вчудоневидени од итањето да се почнат работите на парцелата иако почнуваат празниците“, велат од Шанса за Центар.

„Вчера Советот на Општина Центар едногласно ја задолжи општината и Градоначалникот да побараат вонреден инспекциски надзор на целото ова подрачје од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Како образложение се изнесоа бројните дописи од граѓаните од улица Козара, од улица Питу Гули и од улица Салвадор Аљенде за спроведување на овој Детален урбанистички план.

Денеска е повикан и Државниот инспекторат за животна средина да направи увид во тоа што се сече и дали за тоа има дозвола.

Две локации на кои се бара вонреден надзор од градежниот инспекторат се за новопроектирани улици кои ќе овозможат пристап до парцели за градење кои сериозно ќе навлезат во шумата на Водно, а сите ние ќе изгубиме зеленило кое не штити од поплави, ерозии и загадување. За потсетување се работи за улици кои би воделе меѓудругите и кон целото подрачје со плацовите кои се дел од активниот судски случај во јавноста познат како „Плацови на Водно“.

На други места се направени плански решенија, но врз основа на погрешни влезни податоци, како на пример во планот улица Козара е обележана како улица со ширина девет метри, а реално на терен е измерена дека е шест метри. Овие грешки може да се ненамерни, но и намерни, а со цел да се оствари корист на малкумина за поголем габарит на градби, со што штета би се нанела на многу соседи, граѓани и објекти на локациите.

Шанса за Центар бара планот кој овозможува корист за малкумина, а штета на многумина, со помош Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да биде стопиран за понатамошна реализација. За овој план деновиве јавноста е добро запознаена преку медиумските извештаи за заградувањето на плацовите на Водно каде што е планирано да се гради станбена зграда и пристатпен пат кој ќе води длабоко во шумата и ќе им одземе и дел од дворовите на жителите.

Шумата е богатство на сите нас и заштита на целиот град од порои и загадување на воздухот и мора да ја одбраниме. Време е да повлечеме линија и да го заштитиме заедничкиот интерес и квалитетот на животот на граѓаните пред од налетот на моќниците“, се наведува во соопштението на Шанса за Центар.

Би можело да ве интересира

Државата троши над 20 милиони евра за нафта и мазут: Мапирани 700 јавни објекти загадувачи низ Македонија

Орце Костов

Шанса за Центар: Како одиме кон „бетонизација“ наместо урбанизација на „Треска“

Ана Ололовска

Шанса за Центар: Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта за домаќинство и мазут

Ана Ололовска

Во последните пет години незаконски биле единствено мораториумите за градење, реагираат од Центар по обвинувањата за новата единаесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска

Герасимовски издаде одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“; „Шанса за Центар“ го потсети дека планот е незаконски

Маја Илиевска-Пачемска

Министерот Бочварски далеку од очите на јавноста донесе незаконски и противуставни измени на Правилникот за урбанистичко планирање тврдат независните граѓански иницијативи