Шанса за Центар: Да запре сечата на Водно додека не заврши судскиот спор „Плацови на Водно“

Од:

Советничката група во Советот на Општина Центар „Шанса за Центар“ бара да запре сечата на шумата на Водно додека не заврши судскиот спор „Плацови на Водно“ откако утрово водњанци алармираа дека почнала градба на дел од парцелите. „Шанса за Центар“ бара Општината да ги заштити интересите на жителите кои стравуваат за сопствената безбедност по најавите за нови градби.

„Бараме итно да се запрат сите градежни активности на Водно. Да се запре со сечење на шумата на Водно. Се води судски спор ‘Плацови на Водно’ , со кој се истражува и преиспитува законитоста па постапките за продажба на земјиштето. Со тоа бараме да не се преземаат никакви активности во подрачјето, сѐ до правосилно завршување на судскиот процес. Сето ова е во прилог на заштита на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, кои се загрозени од сечата на шумата и градењето. Научно и со анализи е докажано дека шумата на Водно има клучно значење за заштита на Општина Центар од поплави и порои и е круцијална во борбата против загадувањето на воздухот“, велат од „Шанса за Центар“.

Тие предупредуваат и дека треба да се избегнат големите трошоци за пробивање на исклучително стрмен пристапен пат до локациите на кои се планира градба, оти во моментов нема пристапен пат до парцелите на кои почнува да се гради. Укажуваат дека Општината треба да ја заштити приватната сопственост на жителите по планираното одземање делови од дворовите за пробивање пристапен пат.

„На средбата меѓу претставници на Општината и жителите на Водно која се одржа во понеделникот, жителите најавиле тужба и дека ќе бараат времена мерка за запирање на градежните зафати. Симптоматично е што само неколку часа подоцна, во раните утрински часови во вторникот инвеститорот со приватно обезбедување почнува да ја оградува парцелата. Бараме општината итно, јасно и со конкретни мерки да застане во одбрана на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните“, велат од Општина Центар.

Жителите во близина на парцелите јавија дека и покрај средбите со општинарите, утрово пред седум часот инвеститорот на една од парцелите се појавил со обезбедување и почнал подготовки за градба.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Државата троши над 20 милиони евра за нафта и мазут: Мапирани 700 јавни објекти загадувачи низ Македонија

A1on

Врховен суд го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Горан Наумовски

Шанса за Центар: Како одиме кон „бетонизација“ наместо урбанизација на „Треска“

Ана Ололовска

Шанса за Центар: Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта за домаќинство и мазут

Ана Ололовска

Во последните пет години незаконски биле единствено мораториумите за градење, реагираат од Центар по обвинувањата за новата единаесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска