Шампионот од Шутка

Од:

Пред да продолжите да го читате овој текст, би сакал да појаснам неколку работи за авторот, односно за мене. Не сум расист, ниту сум припадник на ниту една политичка партија, ниту сум пристрасен кон ниту една политички обоена боја. Вљубеник сум во науката, и мојот живот и го посветувам на неа. Но вчера, се човечко во мене се распара, ќе бидам трагичен ако кажам дека ми се сруши националната идеологија.

Ромот, за кој можам да кажам дека имам прочитано повеќе страници од колку тој што има украдено милиони, и тоа во ДЕНАРИ доби громогласен херојски аплауз од Македонската публика за шоуто што го приреди.

Едноставно ДОЈДЕ, ВИДЕ, ОПЦУ . Веројатно потешко е да добиеш аплауз за научен труд и публикација, ама овој знае математика многу подобро од нас, едно 102 пати се имаме уверено во тоа.  Во центарот на Скопје, шета како ослободител на Македонија, државата која му овозможи да се стекне со огромни количини на материјални средства. И пцуе и се заканува, и победува. Оди неказнет проследен со громогласен АПЛАУЗ И ОВАЦИИ.

Пцуе Македонци, кои дошле затоа што имале незадоволство и имале демократско право да го направат тоа. Не навлагам дали причината за тоа е оправдана или не, дали некој ги натерал или не. Тие Македонци на едната, а на другата исто така Македонци дошле со демократско право да бранат некој, веројатно под нечија команда, ако грешам нека ми прости Севишниот.

И така Македонците, кој сакаат да го земат и Солунското поле, Шутка ја направија поголема од Византија. Си дозволија да го скандираат името на овој што се претставува како Кока кола, и беа спремни да се пресметаат еден со друг ако полицијата го дозволеше тоа. Ќе се убиевме еден со друг, ама тој како Јулиј Цезар, придружен од своето обезбедување ќе седнеше во автомобил со кожна гарнитрура и од својата престолнина Шутка ќе им се смееше на овие простиве, кој дошле да се тепаат едни со други. Еден куп слепци, водени од луѓе со замаглен диоптер!

А научниците, учените, амбициозните сонуваат да емигрираат, задушени во чадот кој го предизвикуваат одредени структури на луѓе кој си поигруваат со човечки судбини. Бараат тикет во еден правец, затоа што на другата страна добиваат респект за тоа што можат да го променат светот на легитимен, научен, природен начин. На другата страна овој веројатно, ќе беше до сега јавно линчуван или ако ништо друго, секојдневно ќе му паѓаше САПУНОТ.

Епа ајде кажи, дали те боли бре, Македонче?

Lock Kriptov

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска