Шаленберг: Бараме почеток на преговори со Скопје и Тирана, спорот со Бугарија е решлив

Од:

Шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг оцени дека 2021 година не смее да биде изгубена за Западен Балкан и побара почеток на преговори за членство во ЕУ со Албанија и Северна Македонија.

– Работиме зад кулисите со цел да не биде и оваа година изгубена како и претходната. Барав пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија да се отворат годинава, рече синоќа Шаленберг при дискусија на Политичката академија на Народната партија на Австрија.

Шефот на австриската дипломатија вели дека силен сигнал за поддршката од централна Европа била и неодамнешната негова посета, заедно со колегите од Чешка и Словачка на Скопје и Тирана.

– Северна Македонија и Албанија направија се како што треба и ги исполнија сите услови, потенцира Шаленберг, посочувајќи дека веќе разговарал со Бугарија, која го блокира отворањето на преговорите со Скопје и дека на таа тема дополнително ќе се посвети.

– Регионот на Западен Балкан е полн со нерешени билатерални прашања. И Австрија имаше безброј отворени прашања со своите соседи, како што се Бенешовите декрети или спорот околу липицанерите. Пред 15 години, секојпат кога министер патуваше во некоја соседна земја, патувањето беше проблематично, бидејќи секогаш имаше некое отворено прашање, истакна синоќа во Виена Шаленберг. Тој додава дека Австрија е доказ дека таквите прашања се решаваат.

– Билатералните прашања немаат врска со пристапниот процес, бидејќи тие се исклучиво билатерални и можат да се решаваат напоредно, вели Шаленберг, оценувајќи дека спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија секако е решлив.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска