Шаќири: Во текот на наредните денови ќе се достават свидетелствата, Бирото ги заврши сите постапки

Од:

Оваа година нема да доцни доделувањето на свидетелства за учениците. Бирото за развој на образованието ги заврши сите постапки околу набавката, изјави денеска министерот за образование Јетон Шакири во одговор на новинарско прашање пред почетокот на дебатата „Насилство кај децата“.

Прашан дали годинава учениците на време ќе ги добијат свидетелствата за разлика од лани кога го чекаа почетокот на новата учебна година, Шаќири рече дека во текот на наредните денови, односно до крајот на учебната година, ќе се достават сите свидетелства. Останува само на училиштата да го одредат датумот за нивно доделување.

-Бирото за развој на образованието ги заврши сите постапки. Според моите информации што веќе се потврдени, денеска го завршуваат потпишувањето на договорот според сите жалбени постапки, и навремено ќе се достават сите свидителства до основните и средните училишта. Веќе достава имаме за матурантите и за тие што завршуваат основно образование, но наредните денови до крајот на учебната година, ќе се достават сите свидителства, и после останува на училиштата да одредуваат кога ќе биде датумот за достава на свидителствата, посочи Шаќири.

Би можело да ве интересира

Шаќири утре ќе има средба со родителите на ученици во ООУ „Његош“ кои ја бојкотираат наставата

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Државата издвои 16 милиони евра за учебници, а некои од нив ќе стигнат за Нова Година

Орце Костов

МОН: Најголемите критичари денес во минатото најмногу доцнеа со набавките на учебници

Горан Наумовски

Општина Куманово контра Шаќири: За реконструкцијата на училиштето во Агино село аплициравме лани, МОН не ни одговори

Орце Костов

МОН: Изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори

Горан Наумовски