Ќе продолжам со процесот на дигитализација и спроведување на клучните реформи на јавната администрација со цел да ја подготвиме за пристапување кон европскиот административен постор за да се обезбедат подобри и поефиксни услуги за граѓаните и бизност, истакна денеска на прес-конференција новиот министер за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
Posted by Jeton Shaqiri on Понеделник, 28 септември 2020
Тој најави дека ќе продолжи спроведувањето на тековната стратегија за реформа на јавната администрација и информира дека веќе се прават подготовки за изработкна на нова стратегија. Во завршна фаза, како што соопшти, е националната ИКТ стратегија за развој на информатичкото општество.
Министерот Шаќири соопшти и дека ќе продолжат со процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби.
– Ќе се елиминира преклопување на надлежности меѓу институциите. Ќе има јасен план за спојување и укинување на постоечки институции или за нови институции неопходни согласно процесот за преговори членство во ЕУ. Со оглед на фактот што кај голем дел од институциите е детектирано преклопување на надлежностите бројот на вработени во јавниот сектор ќе се намали. Како отворена опција за намалување на вработените во јавниот сектор се пакетите за трансфер во приватниот сектор, рече Шаќири.
Одговарајќи на новинарски прашања најави повеќе детали околу намалувањето на бројот на институциите по завршувањето на хоризонталната анализа, а првиот состанок за тоа со ангажираните ескперти е планиран за декември годинава. Откако ќе се анализираат и обработт податоците и ќе бидат консултирани коморите и синдикатите ќе се направи потребното усогласување на законите за административни службеници и за јавен сектор.
Во однос на најавеното распоредување на работни места на вработените преку Рамковниот договор веќе формирале работна група со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, коешто е надлежно за распределбата, а на кое, како што рече, МИОА им стои на располагање за сите податоци за администрацијата.
– Тие 1300 вработени преку Рамковен договор стојам на тоа дека сите во најбрзо време според програмата на Владата ќе треба да се систематизираат, рече Шаќири.
Во плановите што ги претстави е и изработка на нов закон за плати во јавниот сектор, во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе се работи на нов закон за плати во јавниот сектор.