Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска информираше дека пред крај е наоѓањето решение за состојбата во ОУ „Тодор Јанев“ во Општина Чашка, каде два месеци нема настава поради бојкот и блокади на дел од родителите. Проблемите почнаа кога беше определено да има паралелка на албански наставен јазик.
-Во текот на денешниот ден и исто така и утре после владината седница што ќе ја имаме.Ќе имаме конкретни известувања за тоа што е решение за Општина Чашка. Но едно можам да кажам сега дека, сега сме при крај за изнаоѓање на решенија на тоа што повеќе од два месеца се случува во Чашка. И работиме за сите ученици, без разлика на националноста на која им припаѓаат според уставното право да имаат право на образование на мајчин јазик. Денеска и утре најкасно ќе ги има конкретните одговори што се однесуваат во дискусијата помеѓу Владата, МОН, Советот на родители и претставници на локалната самоуправа, изјави Шаќири од тетовско Селце.
Шаќири на новинарски прашања за релациите помеѓу Општина Тетово и МОН околу надлежностите за гимназијата рече дека станува збор за постапка во која никој не треба да се однесува „кој има право“ или „кој нема право“.
-Враќањето на ингенренциите не е за именување на директорката, но е само за финансискиот дел, што е многу проблем во однос на исплаќање на фактури, префрлување на блок дотации, во тоа училиште не беше завршено од страна на општината. Моментално во Општина Тетово во шест основно и некои средни училишта имаме постапки за тоа дека директори се избрани без огласи, без почитување на законските основи. Не се однесува оваа дискусија помеѓу МОН и Општина Тетово. Оваа дискусија се однесува дали се почитуваат законите од основно и средно образование до кај мене е доставено решение. Не сакам некој да испадне жртва. Да се почитуваат законите во делот на именување на директори, истакна Шаќири.
Во однос на недостигот на учебници наведе дека со измена на законот, Бирото за развој на образование ќе дава стручно мислење за учебнциите и така ќе се избегне ситуација да нема рецензенти за школските книги.
Министерот Шаќири иво врска со Законот за средно образование очекува во рок од две до три недели или како што се законските рокови најбрзо тој закон да помине во Собранието од РСМ.