Шаќири: За врсничкото насилство не е одговорно само МОН, треба да се вклучат сите институции и родителите

Од:

Врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава, изјави министерот Јетон Шаќири и апелираше до сите институции да се посветат на овој проблем согласно нивните надлежности и до родителите да соработуваат за да има што помалку случаи на булинг.

-Откако го отворивме мејлот, многу случаи од таква проблематика се решени со добра комуникација помеѓу родителите, директорите, претставниците на институциите. Во одредени ситуации не е одговорност само на Министерството за образование и наука, без разлика на моментите кога се случува, туку сите институции треба да се вклучиме во оваа проблематика, изјави Шаќири откако денеска заедно со техничкиот премиер Талат Џафери го посети новоизградениот Студентски дом во Тетово.

Порача Бирото за образование и наука да продолжи со обуки на наставниците на таа тема, општините, како што рече, да бидат повнимателни во менаџирањето на училиштата, а стручните служби во училиштата повнимателно и по посветено да работат на оваа проблематика.

-Но јас ги повикувам и родителите на добра соработка за да имаме што помалку такви случаи. Затоа што сите се во контакт со учениците, почнувајќи од училиштата, но исто така и родителите. Секогаш да пријавуваат тоа што треба да се пријави во училиште, а исто така и во другите институции, додаде министерот за образование и наука.

Министерството минатата учебна година отвори службена е-адреса за пријавување врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик.

Како што МОН соопшти тогаш, со отворањето на електронската адреса, се воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти.

МОН тогаш нагласи дека ваквиот начин на комуникација е „дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања“ и дека „секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“.

Би можело да ве интересира

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение, помошта за средношколците и основците ќе се исплати до петок

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Шаќири: При крај е наоѓањето решение со учениците во Чашка

Заврши протестот на студентите, министерот ќе ја разгледа нивната иницијатива за календар на активности

Шаќири: Европско образование дома не е само барање што ни го наметнува членството во ЕУ, тоа е потреба на нашите ученици и студенти

Шаќири: Апелирам што поскоро да бидат усвоени новите закони, постојните не соодветствуваат на реалните потреби