Шаќири: Некои училишта не проверуваат мејл во моментот кога заканите за бомби се испраќаат, дојавите се испраќаат во една група

Од:

Некои училишта не проверуваат електронска пошта во моментот кога е испратена лажната дојава за бомба, туку информациите ги добиваат од МВР или од другите училишта, откри министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

– Знаеме дека електронските адреси не се законска задолжителна комуникација на институциите, но тоа ќе треба го потврдат безбедносните органи. Знаеме дека некои училишта дел од дојавите ги добиле ги добиле во други училишта. Некои училишта немаат отворено мејл во текот кога е пристигната дојавата затоа што мејловите се испраќаат во една група каде што се сите и затоа МВР реагира кај сите училишта кои се спомнати – истакна министерот.

Тој како министер е против да се организира онлајн настава во целост, но одлуките МОН ги носи врз основа на безбедносните информации од другите институции.

– Јас како министер сум кажал дека сум против онлајн настава. Но, ова се препораки за да не се загуби настава, ќе ги разгледаме проблемите во училиштата,. Имаме родители кои работат, ќе разгледам нови предлог решенија.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје