Шаќири: Ќе бидат прифатени барањата на матурантите што имаат законска основа

Од:

До крајот на неделава или на почетокот на идната ќе имаме конкретен одговор кој ќе биде во насока на тоа што има законска основа и што може да се прифати. Се друго што не може да се прифати и за што се потребни законски измени, не можеме таквите барања да ги разгледаме во овој период, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во однос на барањата на дел од матурантите за скратување на материјалот за полагање на државната матура за што во петокот протестираа и беа примени во неговиот Кабинет.

Шаќири соопшти дека за нивните барања денеска имал средба со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) и нагласи дека МОН поддржува се што има законска основа.

-Дел од ученичкиот сојуз е во редовна комуникација со ДИЦ во изминатата година и тие се известени за се што треба да се реализира на државната матура. Но пак, по барањето на средношколците денеска имав средба со ДИЦ и ќе имаме конкретен одговор за нивните барања, рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето на првата група студентки од иницијативата „Global Engineer Girls North Macedonia“.

Шаќири денеска имал состанок и со претседатели и претставници на студентски сојузи од универзитетите за да разговара за нивните барања. Разговарале за изедначување на износите на стипендии од иста категорија со анекс на договорите.

-Позитивна вест е што од оваа година обезбедивме буџетски средства за сите студенти што добиваат стипендија во истата категорија со анекс да ги усогласиме разликите во вредностите, рече Шаќири и додаде дека се договориле да ги разгледаат сите правни можности за претходната година дали може со анексот ретроактивно да се интервенира.

Во врска со субвенционираниот студентски оброк, министерот рече дека ова право почнало системски да се решава и дека овој месец исплатата ќе биде побрза од претходните месеци.

-Ни треба законска основа за да се реализира од први до петти. Веќе има доставен предлог од група пратеници, во процедура во Собрание е, и тука влегува повисока вредност на оброкот од сегашната, но исто така и системско решение што треба да почне од новата академска година. По поминување на законот, кој очекувам да го поддржат сите пратеници во Парламентот, ќе има и системско решение и поголема вредност на студентскиот оброк, додаде Шаќири.

Во однос на етапната реконструкција на студентските домови, со финансиска поддршка на Германската развојна банка, за што МОН во ноември претстави и Акциски план, министерот одговори дека „ќе сподели со сите студенти зошто еден или два месеца доцнат постапките“ и да одговорат, како што рече, „сите што се вклучени во овој процес – почнувајќи од постапките што ги организира Амбасадата на Германија и сите други институции“. За некои студентски домови, надвор од овој проект, соопшти дека средства се одобрени од Министерството за финансии преку МОН и реновирањето ќе биде во најбрз можен рок.

На прашањето дали и оваа учебна година ќе доцнат свидетелствата, тој укажа дека надлежна институција е Бирото за развој на образованието (БРО), но дека тоа веќе има почнато постапка за економски оператор и се надева дека таа ќе заврши навреме.

Според новата Концепција за основно образование, учебници по нови наставни програми од оваа година ќе има за трето и за шесто одделение. За трето одделение, рече Шаќири, веќе завршиле дел од огласите за пријавување автори и очекува дека ќе има доволно период учебниците да бидат одобрени навреме.

Во однос на постапките за шесто одделение, наставните програми од БРО, рече, се добиени пред десет дена.

-Веднаш и за нив е пуштен повик за автори. Ќе бидеме доследни, но веќе имаме одобрени учебници за повеќе одделенија. Минатата година имавме и процес на одобрување и процес на печатење на учебници, додаде Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение, помошта за средношколците и основците ќе се исплати до петок

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

Шаќири: За врсничкото насилство не е одговорно само МОН, треба да се вклучат сите институции и родителите