Шахпаска: Заразеното дете престојувало во градинката само еден час на 9 септември, вчера дознале дека е позитивно

Од:

15-месечното дете заразено со коронавирус во установата „13 ноември“ во скопски Центар престојувало во градинката само еден час на 9 септември, вели министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Следните денови родителите не го донеле, а вчера ја известиле градинката дека покрај целото семејство, и детето е позитивно на Ковид -19, додава министерката.

Шахпаска вели дека надлежните будно ја следат состојбата во градинките.

– Министерството за труд и социјална политика има информација за 15-месечното дете, кое на 9 септември само еден час престојувало во градинка. Следните денови родителите не го донеле. На прашање од вработените во градинката зошто детето отсуствува, добиле информација дека се работи за вадење на запчиња и затоа детето е отсутно од градинката. Вчера на 14 септември, околу 16 часот градинката е известена од страна на родителите дека покрај цело семејство и детенцето е позитивно на Ковид-19 и нема да посетува градинка, изјави министерката за труд и социјална политика.

Согласно насоките на здравствените власти, вклучена е и епидемиолошката служба, ставени се во изолација сите во групата (јаслената група) во којашто било сместено детенцето како и воспитувачот и негувателот согласно протоколот и направена е вонредна дезинфекција на градинката.

– Како Влада кога ги носиме одлуките, свесни сме за ризиците што можат да произлезат од целиот овој процес. Не ни е целта кој било да го доведеме во опасност, неговото здравје да биде ставено во ризик. Будно ја следиме состојбата. Нашата цел е навремено да реагираме со вклучување на сите чинители кои го чинат тој синџир на носители на одлуки, на учесници во спроведувањето на тие одлуки или корисници на тие одлуки, рече министерката Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on