Шахпаска: Градинките нема да останат отворени ако бројот на позитивни случаи се зголемува

Од:

Нема по секоја цена да останат отворени градинките, доколку бројот на позитивни случаи од корионавирусот се зголемува во земјава, порача денеска од Штип, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Посочи дека од 9 септември, па до денес состојбата во градинките се следи на дневна основа, а одлуките ги донесуваат заедно со Комисијата за заразни болести и Владата.

-Мојата последна реченица беше не по секоја цена ќе ги чуваме отворени градинките, ако видиме дека бројот на позитивни случаи се зголемува во земјава. Здравствената состојба на 15 дечиња, кои беа позитивни од денот на отварање на градинките 9 септември, а и на 45 вработени заклучно до 15 октомври, говори дека состојбата се уште е под контрола. Дечињата инфекцијата не ја стекнале во градинките, за тоа говорат епидемиолозите, бидејќи во нивните семејства бил присутен вирусот, изјави Шахпаска.

Таа истакна дека здравствената состојба на вработените во градинките, кои се зарзени е добра, а голем дел од нив веќе се излекувани и се вратени на работните места. Прашана за сотојбата во градинката „Росица“ во Скопје, Шахпаска одговори дека 44 деца се ставени во изолација, а оваа одлука е донесена од страна на епидемиолошките служби.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски