Сервер: Претстојниот референдум клучен за иднината на Македонија

Од:

Претстојниот референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција е клучен за македонската иднина, смета професор Даниел Сервер од универзитотот Џон Хопкинс.

Tој укажuva дека со успехот на референдумот се менува официјалното име на земјата, но дека Македонците и понатаму ќе си се нарекуваат Македонци, а нивната земја – Македонија.

– Тоа ја отвара вратата за брз влез во НАТО и отварање на преговори за членство во ЕУ. Ова е најголемата и единствена шанса што земјата ја имала уште од прогласувањето на независност, укажа Сервер, политички аналитичар и познавач на приликите на Балканот.

Според него, неуспешен референдум е пораз на Договорот со Грција и дестабилизација, затоа што тоа ќе значи закочен процес за членство во НАТО и ЕУ и создавање меѓуетничките тензии во Македонија.

Тој потврди дека успешен референдум е историска шанса за членство на Македонија во НАТО следната година – воената алијанса тоа го вети.

Укажа и дека Македонија ќе има голема корист со влезот во НАТО.

– Се создава поголема доверба во институциите на државата, затоа што тие ќе бидат заштитени не само од малата армија и полиција на земјата туку и од воената алијанса. Членството во НАТО ќе ги намали меѓуетничките тензии во корист и на Македонците и на Албанците, но и ќе ја заштити земјата од руското мешање, истакна Сервер.

Исто така, укажа и дека членство во НАТО на Македонија ќе и овозможи уште поголем удел во меѓународните процеси за обезбедување мир и стабилност преку засилено присуство во меѓународни вежби, маневри и мисии.

– Ова е шанса која не се пропушта. Преспанскиот договор е добро решение за Македонија, порача Сервер.

Би можело да ве интересира

Сервер: Најдобриот пат што Северна Македонија треба да го следи е интеграција во ЕУ

Предраг Петровиќ

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност