Семејството на Димитар Матилоски од Охрид бара обвинетиот да одговара за убиство на подмолен и свиреп начин

Од:

Семејството на Димитар Матилоски, кој беше убиен за време на Новогодишната ноќ пред кафуле во центарот на Охрид, не е задоволно од обвинителниот акт поднесен против обвинетиот српски државјанин, Бојан Угреновиќ.

Цветанка Матилоска-Пешиќ, сестра на жртвата, денеска изјави дека поднесениот обвинителен акт против 29-годишниот жител на Краљево за обично убиство не соодветстува на фактичката состојба бидејќи како што рече, се работи за убиство на свиреп и подмолен начин, кривично дело што предвидува далеку поригозна санкција за извршителот на делото.

– Судско-медицинското вештачење што беше направено во Битола содржи многу нелогичности, многу докази воопшто не се третирани и ние како семејство направивме приватно вештачење. Резултатите од тоа вештачење се различни од веќе направеното, со докази дека при инцидентот има елементи на убиство на свиреп и подмолен начин, рече таа.

Во ситуација на две спротивставени вештачења семејството смета дека Судот, согласно законите, треба или да изврши усогласувања на двете медицински анализи или да спроведе дополнително супер-вештачење.

– Нашата загуба е ненадоместлива, а нашето барање е Судот да постапува според законот и да биде задоволена правдата, рече сестрата на убиениот.

Застапникот на оштетената страна, адвокатот Еленко Миланов, појасни дека целата истрага во досегашниот тек била водена за кривично дело „убиство на подмолен и свиреп начин“, додека во обвинението поднесено пред десеттина дена Обвинителството во оваа фаза одлучило истото да биде преиначено само за дело „убиство“.

– Со оглед на содржината на доказите сметаме дека Обвинителство требаше да сочека во текот на самиот судски процес и со оглед на изнесените докази во него да ја утврди формулацијата на кривичното дело. Анализите од новото вештачење укажуваат на тоа дека има елементи и на свирепост и на подмолност во кривичното дело, бидејќи смртта настанала како последица на збир од повеќе повреди, рече Миланов.

Инцидентот се случи на 1 јануари оваа година пред кафулето „Табана“ во центарот на Охрид. До смрт беше претепан Димитар Матилоски (27) од страна на српскиот турист Бојан Угреновиќ, кој во кафулето престојувал за новогодишните празници. Притоа на Матилоски му биле нанесени тешки телесни повреди по главата и телото. Димитар бил пренесен во Општата болница во Охрид каде по половина час им подлегнал на повредите.

Би можело да ве интересира

Грозданоски со голи раце го уби Митрески – охриѓанецот сакал да го раскине договорот за доживотна издршка

А1он

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение